разгрнува несв.

разгрнува (несв.)

Можеби. Или не беше ништо. Но сеќавањето копаше по своето дно, пребаруваше, го разгрнуваше мовот на заборавот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Влезе во сопчето и седна на триножничето, ја зеде машата и почна да го разгрнува пепелот, барајќи некое жарче. Не најде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Амо уште еднаш те видам – мртов си. (Му ги разгрнува градите на Гаврил. Ја гледа раната. Вади пара. Му ја дава.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И таму да јадете песок. (Пауза) Се тетовирав. (Ги разгрнуеа градите.) Лажам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)