разгранет прид.
разгранетост ж.

разгранет (прид.)

На предниот дел колиба од пратови. Пред неа разгранет орев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Под сенката на нивните разгранети крошни беше тихо и пријатно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ако бегаше. И ако чекаше? И во исто време со сѐ што стануваше околу него, со нејасните настани, разгранети од прашањето - да чекам или? - во него раснеа слики зашто сега мислеше со својот пулс со секој свој нерв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога го наполни скутникот, седна во сенката на разгранетата шупливица и во испотените дланки ги трие класјата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стоеше под гола мошне разгранета липа и под безбојната старомодна наметка на толку висока како што мислев дека е, без јасен лик и со спуштени раце, неподвижна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Разгранетото дрвце остана да прави сенка над раскопаната дупка, сѐ додека не дојдоа буллдожери да ја израмнат земјата од старите гробишта за нови градби.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нека сега го спијат мошне потребниот сон, нека се одмораат во мир најдобро што можат, додека авторот на оваа подземно разгранета приказна по случајност ги превртува небото и земјата барајќи меѓу многуте други загуби, сметајќи го тука и својот, нивниот исчезнат клуч. Маргина 34 69
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Под разгранетото костеново дрво Јас те продадов тебе и ти мене:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лежат таму тие и лежиме ние Под разгранетото костеново дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Под разгранетото костеново дрво јас те издадов тебе, ти мене...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бекташките гени означуваат свои разгранети патишта во идентитетот и во судбината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Битката беше секојдневна, жестока. Амбасадорите во сета развиена и разгранета дипломатска мрежа беа под постојан диктат на Централата, пилотирани низ секојдневните шифрирани циркулари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај палмата во градината растеше голем разгранет фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под разгранета лозница – три маси и зад нив води врата, веројатно во кујната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оставете, во ѕвездено небо гнездо да свијат Две птички во раскошната убавина на природата во опојниот мирис на занесот во разгранетото стебло на животот каде чувството на убавото се негува а мрачната мисла во сенка, тони во бездната на очајот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)