развејува несв.
развејување ср.

развејува (несв.)

Како што пука едрото напнато од белина, така пред нејзините ширум отворени очи се развејува пената на денот, толку лесно се топи чадот од ефикасни формули за брзо заборавање...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот.  „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во поднебјето југовината црвен бајрак развејува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знае по воздишката којa кружи како откинат како лист од бреза што го носи и развејува ветерот и некаде го губи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бие, завива и го брише отворениот простор, го подбира снегот, го развејува над шумата, го сее во неа и носи нов...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И пак подзасилен бран поттурнат од друг што навева зад него, нанесува облаци ситен правлив снег и пред неа одново за миг расте наметот, ама новиот бран ветер го разметува, развејувајќи го снегот прудолу по трапиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)