разбрка св.

разбрка (св.)

Престана дождот, ветрот ги разбрка темните облаци. Изгреа сонцето.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Очињата весело му блескале на бабуњосаното месо; ќе викне и ќе ги разбрка, гаќите ќе си ги изгубат бегајќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така двоејќи ги како волкот што ги двои овците, ги изнатепа и ги разбрка сите, а потоа ѝ помогна на Видуша да слезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ним им е најтешко, никаде ветре да ги разлади а и да ги разбрка облаците од кои со години кркаат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)