равенка ж.

равенка (ж.)

Јас ја наоѓам во смислата на алфабетот, во нумеричките системи, равенки, обележувањето со бои...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Третиот чинител на равенката глава/алемичарски сад е Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чекорот што нѐ води од семантичката идентификација на „глава/сад“ до алхемиската равенка „глава/ алхемичарски сад“ (alambik, vas hermeticum) мошне е кус, и повторно Јунг ни помага да го совладаме, укажувајќи дека „главата или черепот (testa capitis) во сабејската традиција служела како сад во кој се извршува трансформацијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како што веќе споменавме, во почетокот на нашиот век речиси низ сите примери диференцијалните равенки се покажаа речиси неупотребливи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но тогаш почна да созрева сомнежот дека науката бројните кодови само ги пројоцира нанадвор, значи дека станува равенка за природните закони, кои би требале да ја заменат самата природа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа беше како проста равенка со две непознати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Накратко, никогаш не сум сретнал ниту еден заколнат математичар кому може да му се верува надвор од равенките и корените, или кој потајно не верува дека x2 + px е апсолутно и безусловно еднакво на q.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дропките, равенките со икс и ипсилон да ги пресметаме, да ги вкалкулираме во нашата реалност, да ги одредиме координатите за да преживееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)