публика ж.
публикација ж.

публика (ж.)

Публиката како и самата да учествуваше во програмата: луѓето мавтаа со раце, викаа, потскокнуваа од дрвените седишта и гласно ги искажуваа своите впечатоци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На првата претстава публиката беше неочекувано голема.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Даскалот Милан Ацев, како раководител на училиштето, одржа говор и ја предупреди публиката дека сите „артисти што ќе се појават сега на сцената" се ученици од училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Публиката заплеска, чаршафите пак се разгрнаа и пред масата се појавија нашите „артисти“ со „дедо прота“ на чело. Сите се поклонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Смеа, рапава и придушена смеа. Тоа не е смеа на циркуска публика, весел кикот на прснати стакла. Тоа е потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И уште нешто: кога циркуската публика не ги пречекува кловновите со смеа и весели извици, ги отпуштаат од служба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Август, публиката протестира кога ќе те види во арената.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поблиска и поразбирлива ѝ ја правеа и воодушевеноста на публиката, нејзиниот успех и сето убаво, што вечерва го доживеа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стоеше вкочането и погледот му лебдеше над главите на судиите и на публиката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Добро граденото јадро тело, горделиво подисправената глава на којашто косата непокорно и диво се виткаше и спушташе на кусиот јак врат, го привлекуваше вниманието на публиката и на судиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓу публиката имаше и такви што не се согласуваа со ова мислење, ја бараа причината во смелоста и очајот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој диригираше, публиката пееше, тој пееше, публиката слушаше и ракоплескаше, а кога таа вечер во „Олимпија“ се спушти завесата на сцената, Мишел Сарду мораше долго време да се заблагодарува на публиката, која го напушташе театарот пеејќи го она што пред тоа го слушаше од Сарду...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Здивот на публиката зад тебе е сосема малку важен во откривањето на глетката.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се убеди дека свлекувањето на кожата е поризично ако е под земја, во најдлабокиот подрум, отколку ако тоа го направиш во театарот, пред очите на слепата публика.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Некогаш, не внимаваше на часовникот. Ги набљудуваше луѓето суверено, како обожуваната актерка љубопитната публика, потоа лежерно ја играше својата ролја.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе