пубертет (м.)

- Е, тоа што заклучила дека си паметен и воспитан, згрешила, - згрме Мечка со гласот што му мутира заради пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па, ѝ реков дека ние двајцата сме момче и девојка без разлика на тоа што таа мисли за пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За некоја година Ведан ќе влезе во пубертет и ќе треба да бидеме многу попретпзливи со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дури по пубертетот почнаа да му се јавуваат знаци на машко: да му се здебелува гласот, да му се јавуваат првите влакненца под носот и на лицето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти дојде пубертетот...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Огнен со нестрпливост чекаше да му дојде пубертетот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во тој случај, ендокрините програми и програмите на однесување се актуализираат во пубертетот независно од недовршената психичка сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мојот пубертет протече во некое оптоварување, барем да сум знаела што е тоа што постојано ме вознемируваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Моите години почнаа да ме мачат, не знаејќи дека тоа е пубертет, си мислев дека сите ме мразат и дека никој не ме сака, настрана си плачев, никој да не ме види.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Те дрма пубертетот, Бреза, тоа ти е тоа, лутела – нелутела, исто ти се фаќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се надеваше дека со ова ќе заврши лудиот период во пубертетот на неговиот син, по кој со негова помош ќе заплови по помирните далги на зрелоста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, дојдоа годините на пубертет, на младешките преокупации, ветровите на животот ме однесоа во други насоки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Премини на перонот во периодот по пубертетот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во мојата студија за детето јас посебно се задржувам на сите фази на детството: 1. Првото детство. Формирањето на индивидуалното јас. 2. Второто детство. Формирањето на социјалното Јас. 3. Пубертет. Адолесценција и 4. Младоста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но кога кај мене се појавија првите знаци на пубертет, се страмев и од сопствената мајка и не ѝ дозволував таа да ме бања.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)