псалм м.

псалм (м.)

Попот ги сврши молитвите пред олтарот, Кушо ги дочита утрените псалми, попот ја кади црквата, Кушо отпева, и веќе почнаа и селани да идат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата, го наметна петраилот и го почна утрењето со: „Благословен бог наш, всегда, нинје и присно и во вјеки вјеков“, а Куле веќе застана на певницата поткачен на едно столче, и откако одговори „амин“ почна да ги чете утрените псалми.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„На каков клин?“ не сфати Мирон; и пак во своето тапо настојување, не сфати: „На врбов. Потопен во света водица и опеан со псалмите Давидови.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И ветар што излегува како од библијата расфрла псалми наспроти ѕвездите меѓу кои сега шета детето Некогаш безгрижно што си лежеше покрај стожерот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
4. Господова рожба беше сето тоа: и преселбите и шумскиот од и псалмот што ѕунеше од мислата и омјазот на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
___ 2 Проследата и кражбата ја нарачала византијката Катерина Кедрос од Атина, која ги сонела псалмите што требало да се напишат на јазик кој фанатично го мразела.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК