прочуен прид.
прочуе св.

прочуен (прид.)

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, тој сердар прочут падна в бој, и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, а да ги брани нема кој ...“
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не куди се на Антица, прочуена ти е за умна.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Денес, тој пее повеќе од секогаш. Ние сме сигурни дека за бргу ќе ни дојдат до рацете и нови, уште пообемни и побогати, збирки, нови рожби на нашата прочуена македонска народна поезија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тогаш дедо Геро почна со своите смешки со кои беше прочуен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толку беше прочуена, што во времето околу Илинденското востание и не се криеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пецета го прогласија за војвода, а Трајанка за баба Ѕвезда, жена во сите села наоколу прочуена по тоа што секогаш ги криела и ги хранела комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прочуениот човек од гума Август Рицман ќе излета од грло на голем топ и ќе пробие три пламени обрачи. Сјајна, незаборавена точка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие моменти Аргир не беше за него ни лош, ни намќор - а само мајстор, голем, прочуен мајстор, којшто го возбудуваше со секое свое движење, со секој поглед, со секоја соѕидана тула.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред очите на Велета еве стоеше скршен од некаква неискажана мака силниот и надалеку прочуен мајстор Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Ќе научам занает, ѕидарски занает, и ќе станам богат, прочуен“, си говореше тој тогаш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој е можеби исто толку познат, колку што е познат и прочуениот бербер од операта „Севилскиот бербер“, но за жал, овој Фигаро нема никакава врска со берберскиот занает.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во Струмица живееше прочуениот зулумќар и богат Турчин Назлам-бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
ПАНАЈОТИС: Вие сте тие прочуени ѕидари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Берлин уште не ги залечил трагите од војната и тие можат да се забележат во многу делови од овој град, особено околу прочуениот плоштад „Александар плац“, каде што денес нова Германија ги удира темелите на Новиот Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наблизу е познатиот берлински ѕид што го разделил градот и прочуената Бранденбуршка, врата, која од Рајхстагот ја дели само ѕидот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Помеѓу неговите краци, помеѓу Горник и Зедница, среде столетни дабови и ореови дрвја, со прочуени бунари за питка вода, се тетоши Загориче, или уште како што ја викаат малечката и населена заветрина - Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе