протече св.

протече (св.)

Ах, пуста Саветке, што немаш превидено и кој знае уште што ќе дочекаш... (си ги брише очите од солзите кои ѝ протекуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Планињето глас дадоја од шмајзери пукање, речиштата протекоја од крвови течење, ридиштата поцрнеја од фашиските мрши.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
— И за малку слинките што не ѝ протекоа, па си вели: „Магарице стара, стрвла една! Ами ако не ти беше празен поасот?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво распаќе: По овој пат, внук внука ќе води векови. Рамнинава од плеќи планина ќе ја престориш од планина Непреод да протече.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Низ решетките на прозорецот протече млака наквечерина; нараснуваше полека и ја голташе тишината станувајќи и самата тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И како незабележливо протече времето од Солун до Цариград.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претседателот повеќе не можеше да молчи. Тој протече. Тоа секогаш станувало така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Е, здрав. Бев здрав некогаш. Сѐ минува, сѐ протечува. И здравјето тече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали од страв или од напор ми протекла. Чешма...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми протече млекото, вели Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без брзање се исправи на нозе. Можеше засекогаш да ми ја затне муцката со удар. Од сеченото чело му протече крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ носот му протече пенлива крв.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
11 Се прашувам од каде протече тоа страшно зло, таа свирепост, тоа безумно уривање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Реалното време на филмот, или како што Ворхол го нарекува „протекување на времето во внатрешноста на кадарот“ и во овој, како и во други случаи, се покажа како неиздржлива постапка за гледачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојот пубертет протече во некое оптоварување, барем да сум знаела што е тоа што постојано ме вознемируваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И во разговорот што го водев со Таша, (сиот протече низ прашања на кои таа божем бараше одговори), некако наеднаш, веројатно откако сфати дека разговорот се најде отскитан на седмиот колосек, таа отворено праша: дали откривањето на непознати детали немало да поттикнат кај синот нови, уште понепријатни прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден вид набљудувачница свртена кон животот што веќе протекол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и зарем можеше да биде поинаку кога таа дива ноќна река протече низ месечева темнина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе