протатни св.

протатни (св.)

Гласно спорат. Сѐ додека не протатни крај нив возот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А оној продолжи и сега да отскака исто како да не се случило ништо, цепејќи ја белината на сиот оној простор нагоре, пречекорувајќи и по десетина метра во еден заграб, додека земјата подмолно протатнуваше од секој негов скок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Писна глава од воз, силно, страшно, долго. Протатнаа стотина и стотина нозе. Тркалата на возот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не знам колку сум чекал; едно време, над мене, по мостот протатне експресот од Битола; знаев дека е околу единаесет часот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Горе, над нас протатне експресот од Атина, што во седум и триесет пристигнуваше во Велес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излегоа од страв касапите од кланицата и истрчаа по косината по која тој протатни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Останатите – по селата околу Скопје и дома да си седат и да не мрдаат се додека возот со драгиот гостин и пријател кралот Павле не протатни низ Скопје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)