простре св.
прострели св.

простре (св.)

Го прогонеа, грачеа, го клукаа и не го оставија додека тој, сиот крвав и искинат, не се простре на земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А таму имаше што да се види: куќичка со црвен покрив, алишта - бели, црвени, жолти, - прострени да се сушат, крави и теле на една ливада, високи електрични столбови и жици оптегнати од еден до друг... А зад сето тоа - рид!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Максим Акиноски се истави од прозорецот, оди кај масата,се наведнува над цртежот прострен на неа со намера да продолжи да црта, но веднаш потоа со брзи и долги чекори пак се враќа на прозорецот и лут на себеси, првин што се зафаќа да ги слуша гласовите на лишките, а потоа што подлегнува на народските верувања во нивните способности да искобат нешто лошо, го гледа Васила Митрески кој постојано навалувајќи се на лева страна, на страната на покусата нога, откај `рвениците и низ огратчето оди кај копите во гумното.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На ѕидот, прострен од прозор до прозор, висеше парола, напишана со бели букви на парче тоалденор со боја на глушец: „Дувачкиот оркестар е пат до колективното творештво“ - Многу добро, - рече Остап, - собата за кружоци не претставува никаква опасност во поглед на противпожарната заштита. Да одиме натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Простре рака да се фати за нешто за да стане, ама колена не може да свитка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)