пространство ср.

пространство (ср.)

Промените во јазикот на еден народ во времето ја составуваат историјата на јазикот на тој народ, а промените негови во пространството ги составуваат неговите современи варијации или дијалекти, поддијалекти, говори, подговори итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човекот се менува во времето и во пространството: исто така се менува и неговиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Погледни во воздушното пространство на твоето родно Крушево.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Понесени на своите мисли, како на крила, кон далечните пространства, двајцата другари и не усетија кога им се приближи кондуктерот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тоа одеднаш, како да излегоа од тунел, кога испловија на широко водно пространство, ги залеа светлина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја загуби претставата за времето и пространството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пространството зад судиите беше набиено со одбран свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема таков бедуин што крстари низ широките песочни пространства а да не знае за Едип карванџијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу него остануваше за сето време само еден негов круг од тоа сиво пространство, и дивината секогаш му го препушташе тоа само нему.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Томче и Верка стоеја зачудени. Им се чинеше дека над занемените бели пространства одзвучуваат тоновите на некаква бела песна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој плоштад се шири на огромно пространство, на повеќе стотици квадратни километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сето ова пространство цела ноќ е полно со луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од нивниот благ оган како да се потпалуваше целото пространство, па чиниш насекаде светкаат, треперат. Слегле во водата, пловат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас пак ја гледав Големата вода, го слушав нејзиниот глас, летав над нејзиното огромно пространство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе