проповеда несв.
проповедалница ж.

проповеда (несв.)

Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бездруго, македонските маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во Турската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како официелен филозоф, како професор на Берлинскиот универзитет, Хегел не можел а нити сакал да шири и проповеда превратнички идеи.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Проповедаше ли?“ „Прашај, овој ќе ти каже во што ќе ги претвори господ луѓето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно време во домот, многумина се посомневаа во неговиот човечки пород, ги исплаши неговиот дух (иако најжестоко се проповедаше против религијата), - некои, сепак, се посомневаа во него, можеби тој беше плод на нечистиот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаат христијаните од Потковицата, како што знае и сиот христијански свет во европска Турција, дека ако порано турските закони сега фанариотите, кои имаат големо влијание врз султанот, им бранат на славјаните во Македонија да ѕидаат цркви и училишта - ако не се согласи во нив да се проповеда и да се учи на грчки и ако не се согласни да бидат под покровителство на Патријаршијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Грчките пропагандисти одамна го трујат тамошниот народ и му ја убиваат душата; арнаутите им ги отимаат имотите на селаните, им ги палат куќите и ги убиваат; цинцарските анџии и чорбаџии, кои скоро секогаш биле грчко оружје, тој несреќен крај го имаат доведено во страшна положба; агентите на Милоша Милоевиќа - кои би требало да бидат апостоли на јужнославјанското единство и ангели-хранители на незаштитените и убиените, т.е. кои би требало да ги заштитуваат бугарската народност и бугарското име - проповедаат некакви назадни идеи, сеат раздор, создаваат поблеми и ги тераат своите браќа и сојузници да го изгубат и својот последен карактер и да се фрлат во прегратките на јужнославјанските непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
29 Франц Фенон проповеда - и тоа со каква жестокост! - отфрлување на Европа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја проповедаа кралевите и аристократијата, но и нивните паразити, како што се свештенството, адвокатите и слични на нив, а беше ублажувана со ветувања за надомест во измислениот живот од другата страна на гробот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сите тие заедно низ себеси ја проповедаат големата тајна за чистата твар на зборот, за блажената вода и за ужасната топка на мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога почнаа да го навредуваат во Коринт, луто им рече дека можат слободно да загинат, оти тој веќе нема намера да им проповеда ним и ќе оди кај другите народи, кои полесно ја разбираат Радосната Вест и повеќе веруваат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако почна да проповеда за Радосната Вест, најтешко му беше во своето срце да ја победи токму лутината кон нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Од Павле, во служба на Исус Христос, повикан од Бога да бидам Негов апостол и да ја проповедам Радосната Вест.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со сила добрина не бидува, беше рекол помирливо игуменот, и нашиот Исус Христос тоа го проповедал, а тој што е зулумќар во зулум и ќе си ја догори свеќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Убаво ја проповедаше франкофонската лекција, која впрочем и самиот ја наложи со Сенгор дека таа за земјата останува една отворена врата кон светот, кон другите врати. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бликаат стари копнежи а ти во занес уште проповедаш дека нема од што да се срамат старите мераци, кога копнат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе