прониже св.

прониже (св.)

Пронижана, ете младешката снага ја урива долу куршумена гроза.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Со чета борци низ твоје борје врвеше Јане - Пирински цар, од врагот кога пронижан падна в пазуви свои Пирин го згрна, - верниот другар - пријател стар.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Господарот брзо се сврти. Неговиот поглед крвнички се впи во Аргир и како со клинец го пронижа. Но само за миг.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сега се извиши по снегот, удирајќи само со една задна нога по празнината над себе, еден докрај совладан волк, пронижан од двете страни и бессилен за сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мене куршум ме пронижува. Гламна станувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но кога Тодора за првпат го виде, и одвисоко, со опулот го пронижа прашувајќи „што бара овој ќелеш овде?“, Петре, без да знае што прави, ѝ го врати храбро погледот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очите им се како зрна бисер, светат и пронижуваат како сабји.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Двамината со кајче се вратија во Винени и таму на кожената блуза видоа и изброија дека беше пронижана со триесет куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Проблематични, ама подготвени (во зимски јакни), пронижани од промајата што бричи во ходничето, како да сме сред зима.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)