притреба св.

притреба (св.)

Притребаа секретари, писари, стражари. Што не треба за уќумат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Кога ќе ви притребам пак, дојдете!“ — и ги прибра трите половини лири што му ги дадоа за преврската.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога истрча на улица, не знаејќи кај да оди, се усмери на дуќан кај Тимона; вчеравечер кога се разделуваа, Максим им рече дека ако им притреба за нешто во текот на утрешниот ден, то ест во саботата, таму да го побараат, на дуќан кај Тимона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со земјата никогаш не беа начисто: никогаш не се знаеше деали следното лето на бегот нема да му притреба повеќе одошто е неговата половина.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се разбира, кај имам јас време нему да му обраќам внимание, но сепак го слушам како ми вели или се мисли: - Добро, штом така, јас ќе ти измислам беља за да притребам да те чувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Миличок, учи да се штедиш – ми вели Хорацио, додека ми го менува облогот – Енергијата ќе ти притреба за да засакаш кога сите меѓусебно ќе се мразат и убиваат, за да се насмевнеш кога сите ќе се муртат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Знаеја дека некогаш можеби ќе им притреба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Си ни притребал ти со твоите компири, - се насмеа Миле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)