пристар прид.

пристар (прид.)

Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Трајко си беше пристар и тевеќелен човек и не подозираше никакво сомнение во Толевото често навраќање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На балконот од конакот се појави пристар човек во шарена ноќна облека и навистина му се насмеа на Гузепа и другарите, по кое испушти едно „Buonа mattina, buona mattina signori".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Безбели некого од Орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко. Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше еден пристар Германец, со бела коса, кој некогаш живеел во Чешка и така со него полесно се разбирав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И додека во вечерната тишина бесцелно ги сечев овие тесни улички, вниманието ми го сврте еден пристар човек.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јован се врати, а по него пристара болничарка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се цепам така, а на вратата излегува една пристара жена и ме гледа озгора до долу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојдоа право кај влезот во земјанката каде што Едо од своето стражарско место не можеше да ги види, но не мина многу и тие пас се вратија кон влезот во училиштето држејќи за мишки некој пристар човек со кусо шајкачно палто, во опинци и со темно-црвени чорапи шарени со црно и бело предено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од конакот излезе пристар маж и откако се поздрави на грчки, разговорот го продолживме на македонски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овчари беа наши пристари мажи и сите главени од партијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)