прислужник м.

прислужник (м.)

Глигор распоредуваше. прислужникот бргу се отресуваше од својата флегматична затвореност, навреме се јавуваше кога е потребно и ги исполнуваше точно неговите желби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прислужникот ја донесе стомната. Клокотеше водата во грлото на Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И Глигор, и Арсо, и прислужникот чувствуваа во себе една промена којашто ги зближуваше и поврзуваше, ги скротуваше и примируваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Значи, ни заминуваш, драги учителе. Нѐ оставаш... - ги бришеше очите прислужникот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прислужникот само со Буза „поработи“ малку: го приклешти за ушето, ми го сврте како затка од шише и го спика во редицата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Денеска му дојде редот и на прислужникот Петре. - Кутриот, што им скривил, маченикот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од него направиле прислужник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кметот го зеде јагнето од прислужникот и го постави среде масата, му мрдна со главата на прислужникот да излезе бидејќи беше сиот замастен во устата од штипкањето на јагнето носејќи го од фурната, и почна сам да го черечи јагнето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Селаните истрчуваа, го гледаа прислужникот и се крстеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Училишниот прислужник Геро, пред да забрани власта секакво излегување или влегување во селото, му го открадна коњот на болничарот што дојде од град и одјури некаде бегајќи ѝ на болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прислужникот го боцка со врвот од опинокот и му с`ска: „Мавни се!“ ја отвора и другата врата и застанува пред нас како да нѐ брои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И додека родителите спиеја не знаејќи што се случува, и додека куќата спиеше, со сите свои автоматски пекачи и прислужници, и роботските чистачи во своите електронски сништа, јас бев загледан во блескавите зрнца на метеорскиот прав, кометината опашка, и органското тло на далечниот Јупитер, сјајни како и самите светови што ме влечеа на илјадници километри во вселената, со страотно забрзување.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Школскиот прислужник седеше зад нас на расклатен стол и строго нѐ гледаше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Прислужникот на О'Брајан, меѓутоа, ги пропушти и двајцата без да трепне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ако не, мојот прислужник ќе ви го даде речникот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во тие подготовки вложувал сега повеќе труд и пари, покрај другото и заради потребата да го покрие колку што е можно поуспешно таканаречениот случај „Прислужничка“ и за да се претстави како човек, не само на добри намери, туку и на голема саможртва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе