приредба ж.

приредба (ж.)

На Св. Кирил и Методија дадоа учениците приредба за родителите и за другите присутни селани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Насекаде даваше приредби, држеше пламени говори, собираше средства за училиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На денот на приредбата сите бевме во нова облека.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели брбореше дека кога и таа ќе биде голема ќе кажува на приредба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ве има на улици, на телевизија, во весници, на приредби, се криете по куќи, хотели, резиденции…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Посакувам, ама не може - само два пати неделно, вели наставникот, а пред приредбите и нешто повеќе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Точно е тоа дека уште од прво одделение, поточно од првата училишна приредба, имав голема желба да свирам во мандолински оркестар.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така, опкружен со млади девојки во хрватски носии, на јавната приредба за денот на хрватската независност хрватскиот претседател изведува пантомима, патетично ставајќи дукат во празната селска лулка (симбол за новородената држава).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Летото , ми се чини, ни го украде детството, ни го расфрла по синорот на селото, по салашите, по нивите и каналите, по вагоните од селото до Сомбор, по патиштата до Ригица, Станишиќ и Бездан, по веселбите и приредбите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откако дојде за директор, Фисот реши културно да се воздигнува, па реши да направи приредба на крајот од учебната година.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Велеа дека е во болница, и дека тоа ѝ се случило од преголема возбуда од обредот, како и поради огромниот успех на приредбата во целина, за што пишуваше и печатот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем Луција излезе, рече дека нема „бис“, дека тоа била само пауза, и ја замоли публиката да се сконцентрира на најважното, на круната на целата приредба: бабарскиот обред. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А во Соколаната организирал приредби. Дури и филмови прикажувал. Богами!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Како за кого“, рече татко ти. „За мене оваа приредба не е никаква изненада.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Приредбата заврши со доаѓање на Нова година - во бело облечена, со светкава дијадема во косите, насмевната и среќна - а над плоштадот се распрснуваат разнобојни ракети...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оној, што ви ги пее на приредбите партизанските песни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе