припушти св.

припушти (св.)

Овците да се припуштат, кравите да се измолзат да не прегорат, оти телињата во прво време не можеа да ги исцицуваат убаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, сетне, тој нема да ме припушти да му се доближам, не пак да ме остави да му се молам за прошка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги отворам очите, а над мене едно дрво ту ми го затскрива сонцето, ту ми припушта светлина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горачинов стега и ги врти рачките: менува брзини, ја припушта гаста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Човекот никако не ме припушташе, а јас го следев како слепец сѐ до „мојот“ влез кајшто се запативме и по малку се најдовме во станот под „мојот“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Стариот го припушти на неколку чекори, правејќи се како воопшто да не го сетил, ами како да го гледа сега крувчето, и рече божем за себе, но доволно гласно да го чуе Пискулиев: - Бре што беше оваа рака! Како да го закла дрвцето, сироткото!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)