припек (м.)

Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На припекот полека но сѐ повеќе цокулите отежнуваа, телата им се потеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
7. ДА СЕ СНЕВИДЕ КАКО ПРАВ НА ТАПАН - ко искра на вода, ко капка на припек, така и пијаниот живеачката скапа ја колни до грло кога ќе му скипе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Племето Сизифово заковано за припекот на ридот учи да слегува кон славејот на јазот кон ситото на полето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да битисувам како сиве овие што битисуваат катаден на овој припек, под овој црвеникав прав?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
IV Јулски припек; низ денот врвеше голем оган од кои, воздухот трепереше; инсектите што прелетуваа светнуваа како потпалени и згаснуваа; селото беше пусто, замрено.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште и еден темен напев што се издига во залезот: три жолти цветови, наведнати над каменот, секое нивно потреперување – некој потаен збор, се нишаат и се молат во летниот припек.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Како припек, во време на жетва, да ме удрил в теме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам, отаде на припекот спроти мене, дрво, регуљаво, со ретки, скжаво израснати лисје.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така, неутешен, го оставив човекот седнат на коренот од горницата порасната на овој присоен припек каде што живеат само уште гуштери и лути змии.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во таа неволја еднаш го сретнале: неколцина Македонци војници на маски, во мешини носеле вода од некоја река. беше пладневен припек и жега!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Под ниските и густи прашуми кајшто од сонцето пристига припекот од ветерот затишјето а светлоста блуди панично како неуслишен порив.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе