примира несв.
примири св.

примира (несв.)

Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Не ми дава да припарам, што се вели, да се примирам до него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)