прикован прид.
прикова св.

прикован (прид.)

Погледот ми е прикован за тешката рака на стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Тој прстен, тој прстен, крмнаку нечист“, веќе со турски зборови повторуваше бегот со приковани очи за зелениот камен на Калпаковиот прст. „Го уби, ти го уби?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние, помалите деца, останувавме приковани зад врата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неподвижно од немоќта на Еразмо да оди по невидливиот пат на духовното, лежеше на едно место, приковано од Еразмовиот сомнеж во себе, без нималку верба; одвај дишеше, живуркаше полно со желба за живот во очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На надворешната порта се слушна ѕвонот од ударот на металното раче врз прикованиот метален круг. Ѕвонот се повтори три-четири пати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека во автобусот си прикован за едно седиште кога патуваш со воз имаш повеќе простор за маневрирање.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)