призма ж.

призма (ж.)

Тоа навистина беше големата машина на Времето, ова поткровје, тој го знаеше тоа, го чувствуваше, беше сигурен во тоа, и ако тука ги допрете призмите, онде кваките, хармонските кристали, ако ја завителите правта тогаш, тогаш!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во петтата глава се разгледува идеологијата низ призма на подвижноста на општеството, според авторот, значаен фактор во проблемот на односот меѓу субјективитетот и идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поточно, во овој текст сакам да прикажам одредени ­тераписки практики гледани низ призма на деконструкцијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Значи, има некакви недостатоци во градење на таа брана, или како што стручно велат Филтер призма на депонијата штом пропушта загадена вода во Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе треба: како при снимање со камера по сто пати да се враќаме да го видиме кадарот, на овој, или пак на оној начин, од агол на ова, или низ призма на она...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во неговите раскази се проектираат судбини и карактери на обични луѓе, низ призмата на необични ситуации и совпаѓања, со неочекуван пресврт на текот на приказната кон крајот од расказот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потикнат од еден настан кој во целост го сврте вниманието на јавноста во нашава Македонија, решив истиот да го погледнам низ призмата на театарската сцена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Записки“ почнува со библиски засведочениот прапочеток, односно со моментот на создавањето на Светот, за да продолжи да се развива и да се доразвие во неозначено време и простор, со поетска мисла во која проблеснува мудроста на вековите низ една филозофско- психолошка призма.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Да, ќерко. Истите нешта гледани низ призмата на времето изгледаат поразлично.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога нашите идеи и мисли ги гледаме низ призмата на физички облик, го пишуваме законот за непишани правила патот до материјализираната теорија, оставајќи ја рационализираната практика за филозофите, кои црпат од сопственото искуство, некогаш осакатено од забот на времето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И така е: кога човекот станува библиотека, а библиотеките оживуваат низ призмата на личното искуство, тогаш се добива навистина грандиозно дело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)