привлече св.
привлечен прид.

привлече (св.)

Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најпосле, разговорот за ѓаволи, необичен и несекојдневен, ме привлекуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаев - Пенчо најмногу мислеше на неа и беше готов на сѐ за да го привлече нејзиното внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од тој ден Кузман почна да ме привлекува како што порано Пенчо ме привлекуваше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И токму сакаше да се тргне од прозорецот и да се привлече до топлата печка, кога на трендафилот што беше веднаш под прозорецот слета едно врапче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во тремот е свежо, пријатно. Овде изненадува и привлекува богат и вкусно изграден амбиент на стара чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наеднаш вниманието му го привлече нешто друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не ја сфати и не исфолира за да ја привлече. „Занимливо“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пригушено плачеше... брачни води осветлени прозорци Ѕвездите не го привлекоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И Сашо се привлекува до печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: (Го привлекува и патетично го прегрнува. Потоа се поздравува со Методи и со Ивана.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А ти повели, па стрелај кога ќе ти се види најинтересно... (Го кине пликото.) ... само не заборавај, твоите истрели ќе привлечат овде луѓе, сеирџии и дека со тоа овој дом ќе стане сосем негоден за довршување на акцијата?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сето она што офицерот толку усрдно го читаше и со тоа го привлекуваше интересот на слушателите, на Етхем-паша му беше неподносливо, изветвено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму нешто ја привлекува. Наеднаш, оживеана од изненадно чувство, таа се свртува кон Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се отвораше еден интересен свет што го привлекуваше. Се чувствуваше подобро и посигурно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Томчо се исправи на рацете и лазејќи се доближи до разлистениот глог. Полека се привлече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се привлече уште повеќе и клекна. Зајачето се долепи до коренот на глогот. Ушите му се слепија до грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК