привиди св.
привид м.

привиди (св.)

Падна на ридот, еден штрк сонува брегови зелени. Му сѐ привидува дека е пак со јатата иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Штом ќе се увери дека не е привидување, го остава подавалникот и ја почнува својата игра да го разоружи Младичот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да ни се опули уште еднаш, да нѐ привиди. Ама не може.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни се привидуваше и во сонот и во јавето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Многу си заслабната, ми вели Никифор Абазовски, затоа ти се привидуваат војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали некој був се пикнал во дупката или друго ми се привидува?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми врват во ешалони низ пареата, ми се привидува и коњестата Толи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сликата на пророкот за него е противтежа на хаосот во кој живее, возвишен регулатив на неговата контингентна историска егзистенција. Расцепот меѓу нив е привиден.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
1 Стоеше на балконот загледан де удолу - небаре во некаква бездна, де во стеснатиот хоризонт каде што меѓу бетонските вертикали се наѕираше делче од некаков пејсаж, а нему му се привидуваше трепетот на тополите на крајот од дедовата ливада - отаде реката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ти се привидува” реков „Несреќно вљубените имаат нездрави очи. Не знаеше?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во привидот на разбрануваната вода, веднаш зад грбот на Лев Петрович; во необјаснивото видение што и овојпат го создаде завесата и прекривачот на каучот, наеднаш го видов Адам, како силуета, и штотуку разбуден.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)