прешлен м.

прешлен (м.)

Скрцнаа прешлените на вратот и се одвоија еден од друг, и кога Трајко го исправи да го грабне за гркланот, виде дека нема потреба да го прави тој замет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Зошто ли е секогаш толку студено?“ Се исправи во дрвениот стол со гласно крцкање на прешлените.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За сѐ беше рано; освен да се наврат кратките панталони, да се наметне летната кошулка, да се нагазнат парталавите патики и да се даде на машко одење, не пешачење не како шетање туку брзање како доцнење, додека не му потече пот од првиот прешлен на вратот до последниот прешлен на опашот и додека шаторите не се разврчат и не развреват како нагазнати мравјалници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)