прехрани св.
прехрана ж.

прехрани (св.)

Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Главно, сите се прехранија покрај попот во тие гладни години. А причината за сите тие блиски односи беше пак таа старата: Анѓа да биде попова снаа. ***
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Татко му работеше во туланата и некако ги прехрануваше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А неговиот имот би прехранил половина село.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Таа... Тие преку тебе и преку овие растенија сакаат да дознаат како може војската во кризно време, кога ќе нема леб, да се прехранува од растенијата што растат сами во природата...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Живот му е магарето... Со него носи дрва и се прехранува...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но овие луѓе го гледаа татка ми со големо сожалување како севезден ја влече црната чанта со книги и не стигнува да ги прехрани своите слабички деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ти, силен кој креваше, и носеше тешки вреќи на грбот свој, за да го прехраниш семејството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК