префати св.

префати (св.)

Брадјосаниот човек ја префати пушката, со другата рака го поткрена појасот на кој му тежеа пиштолите и откако се подисправи, рече: - Чии сте вие?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Три пати подолги ми пораснаа прстите три пати посилно стегнав со забите се наведнав и го префатив вратот на твоите камењари за да те бацам.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Змејко имаше сосема црвено лице и веќе беше како дома, префаќајќи нешто околу фенерчето со малечко, топчесто шишенце, многу помало од неговата тупаница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Братучедите ги префаќаа за раце, за мишки, за рамена, ги влечеа, ќе почнеа и да ги туркаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби уште едно префаќање не ќе можеше да издржи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Проедросот сечеше брзо и вешто, ја префаќаше фашата, му ја туткаше на Шишмана в раце и пак го подметнуваше ножот, подавајќи ја раката како да ќе му го брцне одоздола в стомав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Господе, си мислам, да не добив и јас оган, господе, да не ме префати болеста од Роса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или нѐ префати нешто од Давидета Недолетниот!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас плачам на Уља, Уља плаче на мене, и се прегрнуваме така, се префаќаме небаре за борење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги префаќаат така и мрморат нешто над нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како скокот, што се вели, како проѕевање ме префаќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледам неа и ме префаќа смеењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги префаќам како божем да не допуштам жолчката да ми истече од месото на дното на садот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас вистински си ги држам гениталиите во дланката, но како да сум ги заборавил, кој знае од кога не сум ги префатил и превртел во дланката.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И одвреме – навреме ги префаќам ни сам не знаејќи дали зашто сакам подобро да ги соберам во шаката или од потреба да се размрдам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И така Дуде растеше од Груда до Горда, додека слободата слегуваше од планините до градовите, прво во опинци па во цокули па во чевли, а сирењето што им беше и појадок и ручек и вечера сега го немаше ни за лек, додека се подавија во пипер и патлиџан, барабар во краставици со сите кривини, а девојчињата што ги израснаа крутите селски здолништа немаа со што да си ги покријат пожолтените гаќички па навлекуваа куси панталони од постарите браќа и ги префаќаа нивните кражби по соседските овошки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Не, - рече, - ти имаш сипаници. Брзо оди дома за да не префатат децата. И кажи ѝ на баба ти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)