претходница ж.

претходница (ж.)

Гротеската своето име го добила од “grotto”*, од тие јами; претходно зборувавме за лавиринтските патчиња и за начинот на којшто тие, во стилот на “орнаменти”, што е претходница на духовно поедноставената “апстрактна” уметност, се губат во псевдоспекулативната мешавина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Лежи таму, фиксиран во идното време, како претходница на смртта, исто толку сигурен колку што 99 му претходи на 100.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од каде се створија сам господ знае, ама набрзо се виде дека се права претходница на една друга глутница, ама сега војска, аскер и јаничари.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше свесен, долго размислувајќи, во рамките на својот проект за Историјата низ падовите на империите, дека процесите на чистење на јазиците, како претходница на другите облици на чистење, посебно етничкото, треба да се толкуваат и разберат со сета нивна фаталност и погубност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)