претседателство ср.

претседателство (ср.)

Врховниот комитет во Софија се стави под претседателството на ген.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој кај мене беше член на претседателството на Народниот фронт.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да му се одземат и претседателството со еврејската општина и функцијата на главен рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бев застапникот, највисокиот преставник на Титовата креација во земјата на Титовиот пријател од периодот на неврзаноста, таткото на туниската нација Хабиб Бургиба, во времето кога продолжуваше да живее култот на Тито, со последната генерација на неговите соработници во колегијалното претседателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макар што знаев дека дистрибуцијата на телеграмите кои стигнуваа во посебен центар во Министерство за надворешни работи на СФР Југославија, се вршеше преку посебна, специјализирана служба, на крајот од телеграмата, нагласив таа да му биде дадена на внимание и на Претседателот на претседателството на СФР Југославија, другарот Лазар Мојсов!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)