претрупа (св.)

Филмот Давење по броеви е претрупан со нив, а насловите како Замоците од шпил карти в зори, Големата Игра на Смртта, Крикет на обесениот, веројатно асоцираат на игрите и правилата на судбината, на еден ментален Тарот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Марија беше станата, но ја облетуваа новинари и фотографи и ја претрупуваа телефонски повици од сите страни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И сите други векови ни се натрупаа во нашиов век. Историјата нѐ претрупа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претрупан со шаренилото на асортиманот, тој не можеше да види сè додека не се наведнеше до отворот низ кој ги примаше парите, а ти ја подаваше бараната стока.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)