претпазлив прид.
претпазливо прил.

претпазлив (прид.)

Ни се доближуваше сув старец со претпазливи чекори како да се плаши да не разбуди некого.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помина ден, поминаа два, Крчо се виде со Неда оддалеку, и се насмеа со претпазливост да не го забележат другите деца што беа со него; таа на ист начин му одговори и ги наведоа обајцата главите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кој бара доверба од нив. Под клетва се, под оружје.“ „Треба да бидеме претпазливи“, рече поднаредникот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Молечвме - тој со склопени очи и забуцани прсти в коса, јас - претпазлив и бессилен да говорам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Полицијата е принудена да биде препазлива. Во градот се претчувствува бандитска мрежа.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот беше претпазлив, иако претчувствуваше; стоеше на гола гранка и со гракање го известуваше својот црн род за последниот настан.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ветрот бараше сопатник; се провираше низ разлистените гранки, шепотеше некоја своја исповед, беше осамен и претпазлив како и волчицата, за да се споулави со првата снегулка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Пшт! - велеше Митко. - Ссст! - велеше и Сашо. Тие знаеја дека „мечката“ е претпазлива и итра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и ние треба да бидеме претпазливи и да внимаваме на каква било стапица, зашто јасно ни е на сите како оченаш: се дознае ли нешто, отидовме во неврат!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бојан лежеше со отворени очи, долго лежеше така и се чувствуваше како повратник кој долго време бил во некој далечен, туѓ предел, па сега, враќајќи се во својот сакан, познат крај го доживува како ново откритие и влегува во него со извесна претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но кучињата беа претпазливи. Само лаеја, се втурнаа напред кон невидливиот непријател, и пак се враќаа назад, во кругот на светлината од борината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Младиот Мајстор беше бесен поради претпазливоста на своите колеги, а уште повеќе пред промената што се одигруваше во него. – Не се истрчувај! – му говореше контролорот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Татко ја подава главата преку војниците, сака нешто да каже, ама некоја болна претпазливост го стега и не му дава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе