претепа св.

претепа (св.)

Беспризорните ја видоа опасноста веднаш и за миг го напуштија боиштето оставајќи ги зад себе претепаните деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш Тефик пак ќе му дојдел и ем ќе го претепал ем пак ќе добиел работник уште за некој ден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првиот план им беше овој: да му направат на Мартина заседа и, кога ќе го фатат да го претепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога го разбраа тоа луѓето, го подбраа со стапови и го претепаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го слушаа луѓето, а потоа ги грабнаа стаповите и пак го претепаа. „Ти си ѓаволот! Ти со натемагото!“ му рекоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И одат луѓето, со ред. Ако фатат џандарите некого заспан, ќе го претепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Очигледно никогаш немаше мирен сон, кога се пробудуваше изгледаше измачен и длабоко несреќен, претепан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но подоцна почнал да се плаши од соседот кој му се заканил дека ќе го претепа затоа што го видел каде што му краде овошје во бавчата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ко претепани се враќаме во Гостивар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А родителите, претепаните родители веќе азбучат: ,ветувам пред бога, пред луѓето и власта дека од денес ќе престанам да зборувам на славјаномакедонски дијалект, секаде и во секое време".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Човече каде сум? Во стапица. Ќе ме претепаат. Помош.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе нѐ дотепа, ќе нѐ убие, ќе нѐ претепа...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Малите деца сега мошне умесно учат да си ги имитираат родителите, и ако не им се попречува таа пријатна вежба, со текот на времето може да се очекува од тоа дете да израсне забавен за општеството млад човек; таквите деца обично имаат нестрашлив дух и на петнаесет години веќе се во состојба да си го претепаат таткото или да го протераат од дома. 6.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќелиите во кои стражарите го претепуваа се наоѓаа под површината на земјата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ќе ја претепа на смрт со гумен пендрек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК