престорен прид.

престорен (прид.)

Да легнеш врз да ти легне овој сач на брег да легнеш да оздраве оваа лутина до разголени меса и очи дождови престорени.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но, кога оној беше на средината од долината, доста блиску до него, и кога застана тука и се собра во едно сиво перниче со натулени уши, сиот престорен во прислушкување, Змејко дури тогаш зеде да се подготвува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислиш црните лезбејки, престорени во црни сливници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Се слуша дека овие страшни, неизлечиви епидемии се негово масло, дека крвавите наезди на источните фанатици ги предводи лично тој, престорен во белобрад старец со огнен поглед или во генерал со наежени мустаќи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Чашките, небото, птиците и шетачите, гласовите што ги слушам, крстот на свештеникот спроти мене, песната што се слуша од далеку - сѐ е престорено во сино.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некој умира. Некој го буди твојот мал ангел престорен цут.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Можеби Елена е белото крило на езерското утро Во сончева виулица престорено жена“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го поттурна мракот престорен врата и шарките ја разгрнаа темнината, старицата - ноќ од одајчето штрбаво списка (си го покажа мракот единствениот бел заб печката плинска).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шуќур што некој го барал Вилкабамба, па набасал на Мачу Пикчу, до највисоката тајна на Инките - да му се скамени среќата, да му се скамени компасот, да му се скамени и кондорот, и сликата на планината, да му се скаменат ќе да е и пехарите за вино, да му се скамени и перницата да не може главата да ја пика во неа па да му се потат соништата, баш најубавите, да му се скамени и времето како врховен доказ дека светот престорен во камен ниту старее ниту грдее.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таму, врз дланките огнени да си ги исплачеш солзите кап - кап - кап - капат студени капки - и солзи, и магла во капки престорена, и студен дождец...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)