престар прид.
престарен прид.

престар (прид.)

Па ли за бој, ех, подигнат од страден народ прок’лнат, ели за дните престари кога е скинал синџири?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мајко божја, ѝ говореше. Не ли сум јас престар за да бидам твој син и Исус?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа го знаеле старците, оние што верувале во прикаските донесени од Брсјаците и Мијаците со доселувањето нивно на престариот камен во оваа земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не можеле да му го препознаат лицето на видовникот, луѓето знаеле дека престарите очи со конци крв околу себе догледуваат сѐ и сѐ знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Горница. И од горницата, коренот што пороите го соголеле, седи некој стар, престар човек.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Хартијата била престара! Сакале да ги запалат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)