престарен прид.

престарен (прид.)

Најпосле, да ми прошчавате сете овдеа, не си ни ти престарена. Кај господ никој не е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се обидуваше, вака скршен и престарен, дека ќе може да печали за двајца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Конфузен, фарсичен, исчезнува престарениот исечок на културната историја.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На вдовиците и разжалените мајки и сестри што во преѕвездената ноќ можеле да се крстат приврженички на спомени и на сеништа или очајнички без радост или надеж или вера во иднината, им се придружиле со свои тагопојки и оние што клекнувале пред своите престарени мажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш престарен и наполно рассонет почувствувал дека во неговата утроба се кине нешто што било веќе подолго време клопче на болка и дека по сета снага му се разлева горчливост од која не ќе се ослободи долго време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе се препознаев како младо, тенко фиданче некаде меѓу некои стари древни брестови, кои од старост се подгрбавиле и личат на стари дедовци кои љубоморно го чуваат својот престарен живот и не сакаат да се развива младиот цвет заплеткан меѓу нив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кажете ми, пилиња не пораснати , зошто завивте гнездо на престарена гранка?“ им се обрати при првата посета нивниот пријател, архитектот Божинов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)