преполови св.

преполови (св.)

Ако еден народ само постепено си го изработува своето писмо и него го преработува и притоа во неговата историја нема такви настани што ја преполовуваат и прават цела пропаст помеѓу едната, т.е. старата, и другата или новата половина, -писмениот јазик и правописот содржат во себе многу такви особини што немаат реална вредност во гласовите во сегашната состојба на јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Петре замина, но бидејќи неговата куќа беше поблизу од поповата, се врати прво кај него и им го честита Велигден на неговите дечиња, преполувајќи ги поскурите и јајцата од торбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Низ еден од долгнавестите прозорци гледам како сонцето, утрено или предвечерно - не знам, е преполовено од срт на многупреслапна планина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гуланфер, подмолен цицач на невина крв! Забите му се кучешки под провокаторските мустаќи, коска ќе преполоват.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги преполовив. Но и преполовени се вртеа околу мене и ме задушуваа со ѕверска врелина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја преполови кифличката и едната половинка ја даде на братчето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка му се смешкаше, но кога еднаш наѕирна во садот во кој ги чуваше колачињата, виде дека се тие преполовени.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан се надеваше дека снегот ќе престане, а потоа ќе долета јужен ветар, па за ноќ, две ќе го преполови, и ќе го отвори патот од селото кон планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Разјужи“, се радуваше Бојан. „Само да потрае така. Ден, два, не повеќе. Да се преполови снегот, да легне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зашто сечејќи ја неа се преполовив себеси во труп претворајќи ја својата снага и рака.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Србија се сели кон Македонија, се шушка, Србија се преполовува. 244
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И куќите туку ќе клекнат, ќе се преполоват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој само врти со очите и чека да го преполоват.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А попот, тој прво открши еден голем леб и, свртен кон дедо ми, зборуваше, кршеше залаци, макаше од гравот и иако неговите залаци беа како пет на Килета, го преполови гравот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само со легализација на марихуаната би преполовил денешниот број на апсења поради поседување дрога (повеќе од еден милион годишно), што би обезбедило намалување на бројот на полициските акции и концентрација на продажбата на појаки дроги. Ова секако би го пресекло важниот извор на заработувачка на криминалците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Гласови се слушаа и од другата страна на челниот ѕид, другиот влез сигурно ја преполови колоната.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе