преповтори св.

преповтори (св.)

Преобразбата на видливото во невидливо, препознатливото во непрепознатливо, е чин сличен на жестоката преобразба на семантиката в земи: се преповторуваат вековните процеси на трансформацијата од семенката до плодот, обликот на идниот плод го прима обликот на претходниот, но, не се преповторува времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога ќе исчезнат конкретните облици, кога ќе се случи да блесне песната во нов замаглен предел, дамнешното кога ќе се престори во некој притаен порив по нешто што не се преповторува, видливото кога ќе се преобрази во одблесок на невидливо, ете, и во тоа е смислата на поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со тага си мислам јас за тоа и не од болест туку од страв и грижи, небаре пустиник, уште пред изгрев, скитам и преповторувам: кога не можевме ние – тоа бог нека ги состави коските на мојата земја доколку има бог и – доколку остана земја.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ми се преповторуваат неговите зборови, ми дојде пак да ги слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На фотографијата обајцата молчиме загледани еден во друг и скаменети веќе сами во себеси преповторуваме: Верно, животот, можеби, не беше добар но беше убав...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На оваа месечина уште него кога би го видел како му ја бакнува раката на Исус на брегот на морето, преповторувајќи ја во тишина својата молитва: Господи, Исусе, сета смрт кога би окончала со мене и со моето име...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На крилјата на големиот бран преповторив дека морето нема соседи и дека не се брои за грев ако од големиот бран откорнеш во полза на некое нежно бранче со кое си плачел заедно.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Опиум... така е, опиум! - се радуваше и го преповторуваше зборот за да не го заборави во понатамошното убедување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот како да сака да и олесни на сопствената болка и на маката што ја влече со себе, ги повторува и ги преповторува зборовите на старичката и, тврдо газејќи напред, не свртува опул зад себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)