препишувач (м.)

Во античко време единствени луѓе што знаеле да читаат и пишуваат биле вештите писатели, писари, калиграфи и препишувачи кои биле способни да меморираат шест илјади пиктограми или хиероглифи неопходни за пишување на старите јазици.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но што можеа да имаат Татко и Камилски, со фанатичните службени препишувачи на времето, Бувар и Пекуше, кои случајно се сретнале во Париз, откриле заеднички афинитети како кописти и решиле да се спротивстават со нивната автодидактичка апотеоза на тогашниот култ кон науките во нивниот најголем расцут во XIX век?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)