препие св.

препие (св.)

Личеше на препиен апостол. Му помагнаа да се исправи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доста, - му присторе Трајанка плашејќи се да не се препие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Лежеше крај Грдан со отворена уста од која му излегуваше пијалокот од кој беше препиен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Австрија потпишала договор со Русија, дипломатите лошо се разбрале, се препиле, левото крило ќе го жртвуваме, непријателот ќе удри по него, а ние ќе го нападнеме центарот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)