преокупација ж.

преокупација (ж.)

Иако, вака патем изнесени, овие преокупации на критиката беа значајни, резултатите до кои се дојде не беа докрај релевантни за разгледувањето на литературата, особено на онаа литература што ја создаде Чинго.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Самиот уметник незабележано ги избегнува (ESQUIVER) тие илузии кои ги создава со директна и очигледно посебна преокупација, оптиката и консонатизмот на дисковите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За некои автори, пак, застапени во овој избор, би можеле да речеме дека целокупниот книжевен опус им е врзан за урбаниот сензибилитет, па во таа смисла се забележува извесна доследност во нивната тематска преокупација како книжевни творци.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Јас мислев дека твојата комплетна преокупација е Вардариште/Дрисла - сметам депониите.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И покрај промените во гимназијата, мојата преокупација е зградата во која живеам, а и самата населба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа неговата темелна преокупација беше прашањето што да преземе за да го пресече овој Гордиев јазол во којшто се најде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие брзо и лесно се вратија на својот вообичаен дијалог на интелектуалци во медитативна фаза и чија преокупација, во овие времиња кога радикалните идеи заживуваа и се ширеа по светот како троскот, загрозувајќи го спокојството на целиот свет, расправаа надолго и нашироко за тоа што би можело да се стори кога би се сторило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, дојдоа годините на пубертет, на младешките преокупации, ветровите на животот ме однесоа во други насоки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, тоа и не ѝ беше многу важно на младата девојка од богатото битолско семејство, која имаше доволно свои лични преокупации и проблеми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како учесници на тркалезната маса биле повикани познати научни и културни работници со потекло од земјите на Балканот и од југоисточна Европа и чија научна преокупација биле земјите од тие простори.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мелодрамата ги зела нивните општествени, финансиски и брачни преокупации како поаѓалиште за прикажување емоции што биле еднакво екстремни како оние од класичната трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)