преморен прид.

преморен (прид.)

И сега оној таму само очекува кога премореноста и студот ќе го сторат своето, за по нив да дојде тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и преморен, но знаеше дека сега не смее да стои, не смее да се одмора, па тргна по патчето што новиот снег веднаш го постилаше со бел лизгав чаршаф, им ја отвори вратата на овците и ги пушти да пијат вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Коските измолени, места јаглен сторени, Кој ќе го крепни кафезот, кој птицата молкната, Кој ќе ни ја ублажи и стиши болката Кој ќе ги крене крилата преморени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Била преморена, нејзиниот од повремено минувал во несигурно трчање - гласник е што и по цена на животот се напнува со последна жиличка да му предаде на таборот на кој му припаѓа со душа претсмртна вест, да го избави од грижи или да го предупреди, битката сѐ уште тече.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поскокавме подуени од студ и од премореност - некој се фаќа за секира, некој за кол, некој за глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премореноста и бавноста несфатливо ја развлекле далечината од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напати, кога беше преморен, од ноќта мината во читање, слушаше од длабината на стерната зарипнато, прекинато гргорење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Та зар ние не сме на крајот на светот! – Воздивна преморената кралица на вештерките – ете зошто се чувствувам загубено и прекапано.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Бев преморен за нови вербални дуели, нови стапици. Не реков ништо.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напорот толку многу ја измачува што таа се буди во премореност како кој знае колку тешка работа да работела...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш приседна, видно уморен, но не преморен, па Евдо помисли дека ќе му се развика што не понел уште една касета, но сонцето веќе безнадежно заоѓаше зад сртовите и од падините слегуваше самракот како привидна маглина, па Геро само рече колку да си ја продолжи улогата на водач на екипата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се чувствуваше преморен. Не му беше јасно зошто се наоѓа на подот во фитнес-клубот во четири часот наутро.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
После сѐ, после сите тие случувања за толку краток временски период се чувствував преморена од животот, преморена од сите глупости од кои ми се умираше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)