премолчен прид.
премолчи св.

премолчен (прид.)

Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Страстите во семејството би можеле, значи, да бидат природно премолчени струења, кои не се реализираат во нормално семејство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Се работеше за патување од пред четириесетина го­ди­ни, од кое денес останале само куп зборови, премолчувани во различни времиња, задржани во сеќавањето, зборови-спомени во неодгатлив неред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во вакви пригоди, или царуваше тишината или започнуваше одамна премолчуван разговор, со доволно напластени значења, за разврска, во свеста на обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оној кој не плаче никогаш освен кога лаже, се поигрува како ли ја збори вистината премолчуван, преименуван преиначуван, забрануван со амајлии истеруван со клетви застрашуван?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(...) Да не мислиш на несигурноста дека она што ни го кажуваат другите често се разликува со она што тие го мислат, дека вистинските мисли често се премолчуваат, како во прекрасниот расказ „Премолчен дијалог“?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На неброените „премолчени“, дијалози од кои се составени нашите животи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Пред поднесување на тужбите тој не разговара со надлежните т.е. со неговите претпоставени, за спорот да се реши вонсудски – бидејќи увиде дека веќе има „премолчена“ пракса на иницирање и добивање на судските спорови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затскриена во убава наметка од литературни и граматички форми, проткаена со енигматски стил, оваа своевидна исповед на поетесата ни доловува многу премолчени животни вистини.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ако верноста е прашање на моралот, неверноста е премолчен одговор во ехото на гласната хипокризија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Те молам прости ми за премолчената тајна, за она што го криев, а требаше да ти го кажам многу порано.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Душата фати да ѝ се кине од тешка мисла премолчена за милото момче: - Не го прифаќам пишаното !
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)