прек (прид.)

- Зошто пушката ти лежи фрлена? - праша и се пресегна преку него, ја грабна, се повлече во поврзниот ров, ја погледна. - Закочена, - рече прекорно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Заврши времето на преките револуционерни судови. Настапија други времиња.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прво било навестено прогласување на опсадна состојба, меѓутоа, владата се задоволила со поблаги мерки и со издавање на наредба за формирање на Воен (прек) суд за брзо судење на атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските чети и групи од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)