прекорен прид.

прекорен (прид.)

Повторувал - светец, посник. - Светец, воздивнала со прекорно сомневање игуменијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А тој му прати прекорен поглед на младичот и сакаше да пречекори кон влезот во автобусот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ах, Петре, црни Петре, му го збрлаи умо на чупето!“ му се сврте Костадин на Петар со прекорен тон во гласот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Низ неговиот живот како војаер минав, конечно и јас воајер (набљудувач), одамна лажно прекорен, на вистината станав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)