прекар (м.)

Измислувавме прекари за луѓето - општинскиот писар го крстивме Скандалија: некој од нас чул, за нашето ноќно викање рекол дека е скандал, мајка му на Бата Жаба, Бата - Жабурче, татка му - Бастум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам: нели сум пакостен или сум поплашлив од моите врсници та прекарот ште не се лизнал од моите усни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чудно ми е како тоа две години од мене постаро момче може толку да се лути заради овој невин прекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оттогаш и му остана на Толета прекарот — Паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А народот со понос го изговараше неговото име, а уште со поголем понос и гордост неговиот прекар — паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така ние научивме, еднаш кога Јоле не беше во даскалницата, дека прле по старословенски се вели ОСЛЕ, та така јас и Николче тој збор му го залепивме како прекар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш и ние децата разбравме оти Чанга му е само прекар, а дека името му е всушност Мелко Меловски.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кракатау: Паметно, тој скеч треба да го одиграме со нашиот виртуелен гуру, Пепси Коксиевски со прекар Шри Чин Мој...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Го прогонуваат, по десет на еден, го навредуват дека е атеист или дегенерик или болшевик, му даваат секакви прекари за да го оцрнат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имаше прекар Ѓубриште, што ѝ го дале луѓето вработени во неа, забележа таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од друга страна, некои од нив изгледаше како да се во добри односи со чуварите, им се обраќаа со прекари и се обидуваа да добијат некоја цигара низ шпионката на вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Пароброд“ беше прекарот што проловите, којзнае зошто, го употребуваа за ракетните бомби.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ајде, да бидам малку и пристрасна; можеби е глупаво ова што ќе го речам: можеа и да го исмејуваат тој Голем Тодор, можеа и да му измислуваат какви било прекари, ама Голем Тодор беше навистина поголем од приказните што се предеа за него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нели ти реков дека Рајна се пофали, кога дојде да ме замоли да ѝ помогнам да се сретне со Анатолиј, оти на серенадата што ѝ ја приредиле некоја вечер пред да ме посети, била испеана и познатата песна за Рајна Бурева но без прекарот на Бурева туку со името и презимето на наша Рајна Коцева!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не случајно ние децата на прекар него го викавме Сврдлето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Боги, чие име би требало да произлегува од прекарот на прочуениот Хемфри Богарт, беше, како впрочем и неговиот газда, молчаливо, мрзоволно суштество.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој човек од Црвениот крст јас не го видов, Сврделот на прекар го викале, ама еднаш кога бев во Кочани, ја видов ќерка му.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе