презафатен прид.

презафатен (прид.)

Го жалеше Ивана, веруваше од својот корен - тој е презафатен во болницата со луѓето за да верува дека освен болестите постои на светот и друга опасност...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Би можел пијалокот и со труд да го плати, но за тоа, презафатен, не смогнува да се сети...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа на презафатените линии авионската карта без посебен напор може да се добие само во тринаесеттиот ден во месецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бевме презафатени со пакувањето на Елвис и Лиз Тејлор за изложбата во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше не баш претерано редовен студент на англиска книжевност, но во секој случај имаше изглед на презафатен научник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ама и друго: сега овие сегашниве се презафатени со крадење за себе за да имаат време некого да гонат...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, јас сум толку презафатена со активности од секаков вид што весниците само бегло ги прелистувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)