прежива несв.
преживар м.

прежива (несв.)

Крај патот имаше трло. Во трлото овците лежеа мирно и преживаа...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во аурот долу ни коњ тупка ни вол прежива.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Воловите ја преживаа утринската царевковина, бидејќи тие ненајадени не можеа да ги тргаат ралата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ме топлат со дишењето што им мириса на изџвакана трева, на преживана лигушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сака нешто да каже, ќе ја подотвори устата, ќе подзине и пак ќе продолжи да го џвака листот. Прежива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Започнувате глупав разговор, глупав како во дијалозите од твоите раскази, што досега сум ги преживал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Треба да те проголта првин и три дни да те прежива со златниот заб што го има под јазикот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)