предјадење ср.

предјадење (ср.)

Го ставаат пред мене првото предјадење: јајца со некаков мајонез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Идеи сервирани како топло предјадење и гарнир од заклучоци. Свежо набрани мисли, одгледани без пестициди.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Го молиш Бога да заврне, да направиш пауза и да седнеш во „Посластичарница“, каде што првпат јадев кремпита, или во ресторан, каде предјадењата беа доволни да се најадеш без да поминеш на главното јадење, а чинеа колку ѓеврек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)